Пријателска во Анталија: Шкупи ремизираше со Черноморец!

242

Попладнево во Анталија, екипата на Шкупи го одигра својот трет пријателски меч и за првпат ремизираше и тоа со 1:1. Ривал на четата на стратегот Гоце Седлоски беше силниот украински состав Черноморец од Одеса. Украинците повеле во 22.минута преку Рјусин, додека чаирчани израмниле преку Марко Ѓорѓиевски во 63.минута кој умешно искористил еден кикс на одбраната на тимот на Черноморец.

Досега Шкупи во Анталија одигра со Лех Познањ (1:4), со Сумгаит (2:1) и денеска со Черноморец (1:1). Според планот треба да се одиграат уште два вакви контролни средби.

ПретходноСтруга ТЛ против Ботев Враца испушти победа во финишот!
СледноИсланд ја „суреди“ Црна Гора, сега е во рацете на Данска