Проектил од 15 метри: Најдобриот футсал голман има топ во нозете (ВИДЕО)

426

Во Холандија се одржува Европското првенство во футсал. До сега видовме неколку мајстории, една од нив привлече внимание.

Во овој спорт добро е познато дека голманите можат да бидат одлични техничари, особено во најсилните репрезентации. Еден од нив е Бразилецот Лео Хигуита, кој веќе втора година настапува во дресот на Казахстан.

За каков мајстор станува збор 35-годишниот Бразилец покажа на дуелот против Финска, од 15. метри испрати вистински проектил, на другата страна противничкиот голман беше немоќен.

Кахастанците го добија овој меч со 6-2, откако претходно одиграа без победник против Слвенија во првото коло. Во последниот дуел против Италија мора да освојат бод доколку сакаат да се најдат во следната рунда.

ПретходноЧави добива засилување на крајот на месецот
Следно„Сити Парк Бојс“ поставија транспарент пред Општина Центар (ФОТО)