А, кој друг ако не Мохамед Салах? Ѕвездата на Ливерпул го однесе Египет во 1/4 финалето на Африканскиот Куп на Нации кога во последната петта серија од пенал – рулетот беше сигурен за конечни 5:4 за „Фараоните“.
Инаку мечот од 1/8 финалето меѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска по 120 минути заврши 0:0, па мораше да се оди на изведување на пенал серијата.
За БСК единствено промаши Баи од Манчестер Јунајтед, додека кај Египет сигурни беа сите пет изведувачи. Како што и се очекуваше Салах беше последен изведувач, резултатот беше 4:4 и тој на пропушти да реализира за вкупни 5:4 во пенал – серијата и за голема и еуфорична радост во својата репрезентација.