Холандија остана без уште еден играч за пресметката против Хрватска

279

Коронавирусот ја нападна селекцијата на Холандија. Пред дуелот со Хрватска (18 часот), последен од главната фаза, најпријатното изненадување на Европското првенство остана без Томи Фалке.

Од претходно позитивни на Ковид-19 беше и најдобриот стрелец, Кај Смитс, а на листата се најдоа Самир Бенганем и Јаспер Адамс, како и еден физиотерапевт.

Во изолација е и селекторот Ерлингур Ричардсон, Холанѓаните останаа и без Бумхувер, Шунакер, Слуитерс, Шелекенс, Равенберген, Велде и тренерот на голманите Гери Еијлерс.

Хооландија е на последното место на табелата со два бода исто колку Црна Гора и Хрватска.

ПретходноОд селекторот Петров се бара Бугарија да биде пред Македонија во Лигата на Нации!
СледноНова монструозна партија на Јокиќ за историја, чудо на Клиперси во Вашингтон (ВИДЕО)