Циципас се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен

164

Стефанос Циципас го завери своето место во полуфиналето на Австралија Опен, откако во три сета го совлада Јаник Синер (3-6, 4-6, 2-6) за нешто помалку од два часа.

Грчкиот тенисер во битката за место во финалето ќе игра со подобриот од Медведев и Оже-Алијасим. Во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Надал и Беретини.

Циципас првиот сет го доби со 6-3, додека во следниот противникот се обиде да се врати, но немаше сили, грчкиот тенисер беше подобар со 4-6. Последниот сет беше лесна задача за Цицпас, кој ќе го игра третото полуфинале во Мелбрун.

Кај дамите Ига Швјонтек се пласираше во полуфиналето славеше над Естонката, Каја Канепи со 2-1, по сетови 4-6, 7-6 и 6-3. Во битката за место во финалето ќе игра Американката Даниеле Колинс.Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Ешли Барти и Медисон Киз.

ПретходноДиего Коста изненади со изборот на новиот клуб
СледноПоради Роналдо ја удрил својата девојка – па завршил во полиција