МЗТ Скопје Аеродром соопшти дека има нов генерален извршен директор и поранешен нивни кошаркар и миленик на публикаката Филип Ѓоревски.
Тој неколку години беше и главен координатор на младинската школа на МЗТ Скопје. Во играчката кариера освен за МЗТ има играно уште и за Вардар Осигурување, Карпош Соколи, Фаворити и Тоа сум јас, а изминатиов период, е меѓу творците на проектот наречен Академија ФМП, кој од второлигаш дојде до епитетот најпријатно изненадување во актуелната сезона.
Ѓоревски доаѓа на местото на Тони Грнчаров, кој изминативе четири години беше во улога на предводник на МЗТ Скопје Аеродром.