Адеми е седми најдобар фудбалер кој играл во Хрватска во последните 50 години

284

Аријан Адеми се најде на 7. место во изборот за најдобар фудбалер во последните 50 години во историјата на хрватскиот фудбал. Гласањето кое го спроведе весникот „Вечерњи Лист“ траеше скоро еден месец.

Адеми кој е вистинска легенда и капитен на Динамо (З) се најде меѓу 50-те номинации за најголеми фудбалери во изминатите 50 години во Хрватска.

Убедливо најдобар фудбалер во Хрватска во последните 50 години е Лука Модриќ, а Давор Шукер заврши на 2. место во изборот. Во ТОП 5 се најдоа и  Роберт Просинечки, Зонимир Бобан и Марио Манџукиќ.

ПретходноЃоко Зајков е нов фудбалер на украинска Ворскла
СледноЕкваторијална Гвинеја е последниот патник во 1/4-финалето на КАН 2022