Две години од кобниот ден – Коби Брајант засекогаш во срцата!

193

На денешен ден 26. јануари 2020 година се случи голема трагедија која никогаш нема да биде заборавена. Во хеликоптерска несреќа загасна животот на легендарниот Коби Брајант, неговата жерка Џиџи и уште седум луѓе.

Хеликоптерот полета во 9 часот, половина час подоцна бил извесен дека лета ниско. Пилотот се обидел да го подигне хеликоптерот, но поради маглата и дождот немал добра прегледност, удри во планина. Истиот се запали, исходот беше фатален, телото на Коби и останатите беше индетификувано после два дена.

Година дена подоцна, беше утврдено дека пилотот не ги слушал упаствата кои му биле дадени, самоиницијативно влегол во големиот облак, па видливоста била минимална.

Коби почина на 41. година, на неполни четири години по завршување на неговата кариера. Веднаш по средното училиште беше драфтуван од страна на Шарлот, во 1996 година го избраа како 13. пик на драфтот.

Сепак играше само за ЛА Лејкерси, две години подоцна беше одбран на Ол-стар викендот прв од вкупно 18-те, првата титула ја освои во 2000 година. На крајот пет пати беше првак во НБА-лига, двапати МВП на финалето.

Признанието за најкорисен играч во регуларниот дел од првенството го освои еднаш во 2006 година. Тој е единствениот кошаркар на кого еден клуб му повлече два дреса, „осумката“ со која ја почна својата кариера, а потоа „24“ со која продолжи.

Зад себе остави големи дела, беше вистински пример за еден професионалец…Две години по неговата смрт, фановите и натаму со солзи се сеќаваат на овој кошмарен ден.

ПретходноОстана уште еден билет за полуфинале: Јакобсен со добри вести за Франција!
СледноКречмар ги одбра најдобри ракометари на сите времиња – меѓу нив е легенда на Вардар