Драмата во Будимпешта меѓу Холандија и Хрватска без победник

141

Холандија и Хрватска одиграа драматичен меч, кој заврши без победник 28-28 (15-13). „Коцкестите“ имаа шанса за триумф, водеа со три гола, но на крајот уморот си го стори своето. Главната фаза ја завршуваат на четвртото место поради подобрата гол разлика, додека веднаш зад нив се холандските ракометари.

Хрватска поради бројните проблеми со коронавирус нема да игра на завршницата, на другата страна холандската репрезентација на својот втор настап на континенталните натпреварувања дојде до историски успех, да беше комплетна приказната ќе беше поинаква. Остана без својот прв стрелец Смитс, кој поради коронавирус предвреме го заврши ЕУРО, во составот фалеа и други ракометари како и селекторот.

Првите минути им припаднаа на Хрватите, поведоа со 0-2 и 1-3. Холандските ракометари брзо израмнија, до 20. минута беше изедначено, по што „лалилањата“ со серија од 2-1 поведоа со 11-9. Со истата позитива Холандија замина на одморот (15-13).

Мартиновиќ со два гола во низа (еден од седум метри) израмни на 15-15 и тука почна резултатската нишалка. Хрватска во 47. минута успеа да казни две грешки на противникот, кој цели шест минути беше без постигнат гол. Шипиќ, Мартиновиќ, Срна и Циндриќ зголемија на 19-22, најголемо водство за нивната репрезентација во овој дел од мечот.

Холандија успеа да се врати изедначи на 27-27 на една минута до крајот, со серија од 4-0, Стеинс и Ставаст беа креатори. Хорвар повика тајм-аут, Лучин погоди за 27-28, Стеинс врати за конечни 28-28.

Токму Стеинс со шест гола од исто толку обиди беше прв стрелец во редовите на својата репрезентација, на другата страна Мартиновиќ запиша 12 погодоци од 17 обиди.

ПретходноФранција во пол-позиција: Јакобсен ќе ги одмара Хансен, Гидсел и уште двајца ракометари
СледноЕ.Пелистер убедливо и против Сесвете