Поранешниот градоначалник на Фиренца и поранешeн премиер на Италија, Матео Ренци, го коментираше најавениот трансфер на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ во Јувентус.
Тој ја нарече Фиорентина – донатор на Јувентус.
„Не се шегувај со Влаховиќ, можам да ги изгубам нервите. Ајде да зборуваме за политика или нешто друго, само не ме напнувај, денес е ден на жалост за мене“, му се обратил Ренци на новинарот на италијанската телевизија Ла7.
„Имав 15 години кога го продадоа Роберто Баџо. Доста е момци. Зошто Фиорентина му ги дава своите најдобри играчи на Јувентус? Бернардески, Киеза… Нека одат тогаш иво други клубови“, изјавил поранешниот италијански премиер.