Во Холандија се одржува Европското првенство во футсал. До сега видовме неколку мајстории, една од нив привлече внимание.
Во овој спорт добро е познато дека голманите можат да бидат одлични техничари, особено во најсилните репрезентации. Еден од нив е Бразилецот Лео Хигуита, кој веќе втора година настапува во дресот на Казахстан.
За каков мајстор станува збор 35-годишниот Бразилец покажа на дуелот против Финска, од 15. метри испрати вистински проектил, на другата страна противничкиот голман беше немоќен.
Кахастанците го добија овој меч со 6-2, откако претходно одиграа без победник против Слвенија во првото коло. Во последниот дуел против Италија мора да освојат бод доколку сакаат да се најдат во следната рунда.