Франција во пол-позиција: Јакобсен ќе ги одмара Хансен, Гидсел и уште двајца ракометари

247

Во 20:30 часот почнува последниот дуел од главната фаза во групата 1. Силите на теренот ќе ги одмерат Данска и Франција. Светскиот првак веќе обезбеди место во полуфиналето, се чека името на вториот патник.

Франција со победа или реми вечерва ќе се најде на завршниот викенд во Будимпешта, а се чини дека е на добар пат да ја исполни оваа цел. Никола Јакобсен како што најави за оваа средба ќе одмара дел од ракометарите.

Во составот на Данска нема да бидат Хансен, Гидсел, Саугструп и Грин. Ова е доволно за да француските ракометари го добијат овој дуел и да се најдат во полуфиналето.

ПретходноГРК Охрид во пријателски меч ја победи Будва!
СледноДрамата во Будимпешта меѓу Холандија и Хрватска без победник