Крилниот фудбалер на Вулверхемптон Адама Траоре доаѓа во Барселона. Според каталонскиот „Спорт“, а и други шпански медиуми Траоре во петок ќе пристигне на „Ноу Камп“ да ги заврши медицинските прегледи пред да стави потпис на договорот. Претходно двете страни си подале рака, а фудбалерот ќе игра како позајмен до крајот на сезоната и потоа каталонците ќе можат да го купат за 35 милиони евра и тој би потпишал соработка на четири години.
Траоре играше за Барса пред да го напушти тимот и да отиде да ја гради кариерата во Англија, прво во Астон Вила во 2015 година, а потоа и во Вулверхемптон.