Нема позајмица: Мората може на „Камп Ноу“, но само ако Барса го купи

438

Трансферот на Алваро Мората во Барселона станува се покомплициран. Иако и фудбалерот и Барселона се подготвени да се договорат за соработка, проблемот го прави неговиот клуб Атлетико (М) со кој е под договор, а настапува како позајмен во Јувентус.

Имено, според пишувањата на новинарот Фабрицио Романо, Атлетико (М) и рекол на Барселона дека нема проблем да го добие Мората, но позајмица не доаѓа в предвид. Тоа значи дека доколку Каталонците навистина го сакаат Мората, ќе мора да го откупат неговиот договор оваа зима. Тоа е проблем за Барса, која сметаше на 6-месечна позајмица на Шпанецот.

Во истовреме, пак, Атлетико (М) си пазари ново засилување, Истиот новинар пишува дека денеска треба да се финализира договор меѓу Атлетико (М) и Даниел Вас од Валенсија, кој треба да ги мине лекарските прегледи и д апотпише со „јорганџиите“ договор на 1,5 година.

ПретходноЃоковиќ го потврди првиот турнир на кој ќе настапи оваа година
СледноОд понеделник, Федерер ќе го има најслабиот пласман на АТП листата во последните две децении