Роналдо го блокирал „Трансфермаркт“ кога видел колку вреди

1712

Кристијано Роналдо му се налути на најценетиот и најцитираниот веб портал за трансфери и проценка на вредности на фудбалери „Transfermarkt.de“. Нивната објава дека вредноста на Кристијано Роналдо изнесува 75 милиони евра беше повод Португалецот пред три години да реагира и потоа да го блокира овој сајт на своите профили на социјалните мрежи.

Во 2019 година Трансфермаркт направил листа на најскапите играчи кои ги застапува супер-агентот Жорж Мендеш. Откако го составиле идеалниот тим, Роналдо бил во нападот но не можеле да го „тагнат“ затоа што ги блокирал кога ја видел неговата цена на пазарот.

Го составувавме најскапиот тим на играчите на Мендеш и мислам дека на Инстаграм поставивме листа на десет највредни фудбалери со преку 33 години. Тој беше на првото место, но ни се јави и ни рече дека вреди многу повеќе“, објасни Кристијан Шварц, еден од модераторите.

Прво ни испрати порака. Му објаснивме како се пресметува вредноста и зошто е таква каква што е. Тогаш му го свртија вниманието дека е најскап во категоријата на играчи со преку 33 години. Но очигледно одговорот не го задоволи. Само ни испрати смајли и потоа нè блокираше“, додаде Шварц.

Роналдо тогаш вредел 75 милиони евра, а сега е на 136. место на листата со вредност од 35 милиони.

 

ПретходноАстон Вила не запира – си донесе и бек од Арсенал
СледноСтавре Јада бесен затоа што добил само 10.000 денари за ЗОИ во Пекинг