Ставре Јада бесен затоа што добил само 10.000 денари за ЗОИ во Пекинг

1246

Ставре Јада e еден од тројцата претставници на Македонија на претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг кои ќе се одржат од 2 до 20 февруари. Јада се пожали на односот на општината Крушево, градот каде што е роден и паричната помош што му била одобрена.

Јада се пожали на Фејсбук.

Поради мојот втор настап на зимски олимписки игри овојпат во Пекинг, доставив барање за финансиска помош до Општина Крушево. 

На денешната седница на Советот на Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци.

Пред еден месец, Општина Крушево обезбеди финансиска помош и службено возило до Босна и Херцеговина за целосно новата биатлон федерација.

Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево

  1. Дали овај е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот?
  2. Зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите?

И со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг.

ПретходноРоналдо го блокирал „Трансфермаркт“ кога видел колку вреди
СледноПеп и Клоп повторно во трка за менаџер на месецот