Агим Ибраими потврди уште еднаш дека е клучен играч во Динамо Тирана. Имено доцна попладнево во првиот меч од четвртфиналето во Купот на Албанија и тоа против Партизани, успеа да постигне гол во 43.минута од пенал за 1:1. Па така со овој резултат Ибраими го остави својот тим во “игра“ за следната фаза во Купот ако се знае дека реваншот се игра на теренот на Партизани.