Астон Вила не запира – си донесе и бек од Арсенал

680

Астон Вила продолжува да ги засилува своите редови. По Лукас Дињ, Филипе Кутињо и голманот Робин Олсен, клубот од Бирмингем си обезбеди и нов десен бек, а се работи за Калум Чемберс кој дојде од редовите на Арсенал.

Некогашниот англиски репрезентативец со Астон Вила потпиша три и пол годишен договор, а клубот за него ќе плати меѓу 2 и 2,5 милиони фунти плус бонуси.

Чемберс имаше фантастични две сезони во Саутемптон, па Арсенал во 2014 година го купи за 16 милиони фунти. Две сезони го позајмуваше прво во Мидлсбро, па во Фулам, но освен во првата сезона не се изнаигра во редовите на „топчиите“. Оваа сезона настапи на само два премиерлигашки натпревари.

Астон Вила го повика и тој веднаш прифати.

 

ПретходноАтлетико најде замена за Трипие и тоа за само 2,7 милиони евра!
СледноРоналдо го блокирал „Трансфермаркт“ кога видел колку вреди