Ешли Барти става прва финалистка на Австралија Опен, откако утрово во полуфиналниот дуел со Американката Медисон Кејс славеше со 2:0, по сетови 6:1, 6:3. Со оваа победа, Барти стигна до своето прво финале на домашен терен без загубен сет.
Кејс очигледно немаше сили за изнанадување, па шансата за прво Грен Слем финале ќе ја чека во некоја наредна прилија. Барти сега ќе биде во очекување на вториот полуфинален дуел меѓу Колинс и Полјачката Свјатек кој ќе и го донесе противникот во битката за првиот Грен Слем трофеј сезонава.