Данска и покрај доминацијата на дуелот против Франција на крајот не успеа да дојде до триумфот и ја „црни“ судбината на Исланд. „Рибарите“ се надеваа дека светскиот првак ќе го добие дуелот со олимпискиот шампион, поточно ќе одиграат коректен и спортски натпревар.
Финишот на мечот беше фатален, во Исланд се толку револтирани што бараат да се симне данската круна од исландскиот парламент.
Политичарот Бјорн Леви Гунарсон одамна имал желба да се отстрани кралската круна од исландскиот парламент и да биде заменета со нешто автентично, исландско. Вчерашната елиминација на неговата земја беше доволна причина за да го оствари овој план, Исланѓаните се кренаа на нозе и испратија поддршка.
Останува да видиме дали сето ова ќе се спроведе на дело.