Горан Пандев: Италија е мојот втор дом, но Македонија секогаш ми е во срцето!

446

Јасно е одамна дека Македонија на 24 март во Палермо против Италија, во бараж мечот за СП ќе игра без Горан Пандев. Некогашниот капитен се прости од репрезентацијата уште на ЕУРО 2020 во јуни минатото лето,.

Сепак без разлика на се ГРАНДЕ секогаш е интересен за медиумите во Италија, а посебно во пресрет на мечот во Палермо.

Па така Пандев за тамошните медиуми изјави…

Италијанската репрезентација е фаворит. Игра дома, таа го освои последното европско првенство.Но Македонија верува во себе и затоа ние нема што да загубиме. Луѓето веруваат во оваа репрезентација, знаат што можат момците. Што да кажам јас за Италија? Италија е мојот втор дом, моите деца тука се родени, но Македонија секогаш е во моето срце“.

ПретходноКарабатиќ: Знам дека ќе боли, но си реков не смееме да завршиме тука!
СледноУф, каков трансфер би бил тоа: Кулушевски доаѓа на “Сан Сиро“!?