Госенс го засили Интер: Дојдов да помогнам оваа успешна приказна да продолжи

161

Германскиот репрезентативец Робин Госенс го комплетира трансферот од Аталанта во Интер вреден 22 милиони евра плус 3 милиони во вид на бонуси. Потпиша договор до 2026 година, а ќе го носи дресот со број 18.

Голема чест е што ќе играм за Интер. Доаѓам во еден од најголемите клубови во Европа и со нетрпение чекам да почнам. Зборував со Инзаги, тој ми кажа што очекува од мене, јас му кажав некои мои идеи, а постои обострана желба за успешна работа. Со Бастони, со кого играв во Аталанта, се слушав речиси секој ден, а тој беше пресреќен што игра за Интер, сега повторно ќе играме заедно. Не ме убеди тој, затоа што знаев каде одам. Тука играле големи шампиони, се надевам дека и јас ќе оставам печат во клубот. Се надевам дека ќе постигнам многу голови и ќе му помогнам на Интер да ја продолжи шампионската приказна“, изјави Германецот.

ПретходноРеал добил понуда за спонзорство вредна 400 милиони евра по сезона!?
СледноКоронавирус во Феникс, дуелот сo Пелистер ќе биде одложен