Додека другите глава не дигнаа: Данска и после две недели на ЕП остана на еден позитивен на Ковид-19!

415

Данска е единствената репрезентација која во време на корона-лудило остана само со едно позитивно лице на овој вирус. Додека останатите земји учеснички во изминатите две недели не дигнаа глава од Ковид-проблеми, останаа без своите селектори и најдобрите играчи, па дури мораа да викаат ракометери кои не се најдоа на списокот, Николај Јакобсен немаше вакви главоболки.

Данска и на денешните тестирања нема позитивни лица на Ковид-19. Единствени кои беа заразени беше Линдберг и лицето одговорно за социјалните мрежи.

Сето ова станува соминително, дури и неверојатно. Многумина се прашуваат како е можно само Данска да нема ваков проблем.


Данска е во полуфиналето на ЕП, утре ќе игра против Шпанија во 18 часот, додека во втората двојка силите ќе ги одмерат Франција и Шведска.

ПретходноВо Исланд револтирани – бараат да се тргне данската круна од парламентот
СледноПреку 4,2 милиони долари за една недела донесе милионер џекпот