Фудбалерите на Македонија ЃП денеска во пријателски натпревар во Анталија, загубија од Штутгартер кикерс со 0:1. Стрелец на голот на германскиот клуб беше Туњиќ во 44.минута.
Македонија ЃП како и повеќе наши клубови, својата главна фаза од тековните подготовки ја одработува во познатиот турски спортски центар, каде што покрај тренинзите “лавовите“ играат и пријателски средби.