И после некој нека каже дека менаџерите не знаат како се работи фудбал, посебно менаџерите од Балканот. Имено верувале или не, менаџерската куќа, односно првиот човек Дарко Ристиќ кој е нејзин газда, која беше задолжена за трансферот на Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус, ќе добие 10 милиони евра во вид на провизија.
Навистина голема сума ако се знае дека Партизан, како матичен клуб на напаѓачот ќе добие само 2,5 милионие евра.
Ситниш во однос на провизијата на менаџерот.
Инаку Јуве за Србинот плати 75 милиони евра, а годишната плата на Влаховиќ ќе изнесува 7 милиони евра.