Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето меѓу Данска и Шпанија!

368

Македонската судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов доби голема задача на Европското првенство. Со оглед на нивното големо искуство, ЕХФ им додели да ја делат правдата на полуфиналната пресметка меѓу Данска и Шпанија.

Пресметката меѓу светскиот и олимпискиот првак е закажана со почеток во 18 часот. Во втората полуфинална двојка силите ќе ги одмерат Франција и Шведска.

Финалето во недела им е доделено на германската судиска двојка Роберт Шулце и Тобијас Тониес.

ПретходноМЗТ Скопје најде замена за Дастин Вер!
СледноПелистер донесе нов странец!