Од понеделник, Федерер ќе го има најслабиот пласман на АТП листата во последните две децении

445

Дваесет и една година подоцна, еден од најдобите тенисери низ историјата, Роџер Федерер, од следната недела повторно ќе биде само на 30. место на АТП листата. Во 2001 година, за последен пат, тој беше толку ниско рангиран.

Само благодарение на правилата воведени од АТП поради пандемијата, Федерер опстана на врвот на ВТА со едва шест одиграни турнири во период од 17 месеци. Тој, згора на тоа, беше дури и во Топ 10 до крајот на минатата сезона, пред да започне посериозен пад со одземање на бодовите од неговото конто.

За шест дена, Швајцарецот ќе остане без своите 720 поени, кои ги освои во Мелбурн во 2020 година, што беше и негово последно полуфинале на Грен слемовите. Неколку недели подоцна се пријави од болница по операцијата на коленото и најави дека ќе го прескокне Ролан Гарос, што беше првата грутка во лавината проблеми што ја турна неговата кариера кон завршниот чин.

Кога Федерер повторно ќе се појави на АТП турнејата, никој не се осмелува да прогнозира.

ПретходноНема позајмица: Мората може на „Камп Ноу“, но само ако Барса го купи
СледноВо Исланд револтирани – бараат да се тргне данската круна од парламентот