Пелистер донесе нов странец!

149

Пелистер донесе ново засилување во своите редови пред 14. коло во Првата лига. Битолскиот тим е лидер на табелата, па за продолжување на оваа серија одлучи да ја освежи бековската позиција.

Милош Николиќ е ново име во редовите на Пелистер. 24-годишниот бек доаѓа од тимот на Сцислион Вршац.

Во досегашниот дел на сезоната во српскиот шампионат, Николиќ имаше просек од 14,8 поени, 2,6 асистенции и 2,3 скока по натпревар.

Пред Николиќ, Пелистер се засили со Пајиќ кој дојде од редовите на Кожув. Пелистер овој викенд игра против Феникс на гостински терен.

ПретходноНачевски и Николов ќе го судат полуфиналето меѓу Данска и Шпанија!
СледноТодороски и официјално во Серед!