Трансферот на Алваро Мората во Барселона станува се покомплициран. Иако и фудбалерот и Барселона се подготвени да се договорат за соработка, проблемот го прави неговиот клуб Атлетико (М) со кој е под договор, а настапува како позајмен во Јувентус.
Имено, според пишувањата на новинарот Фабрицио Романо, Атлетико (М) и рекол на Барселона дека нема проблем да го добие Мората, но позајмица не доаѓа в предвид. Тоа значи дека доколку Каталонците навистина го сакаат Мората, ќе мора да го откупат неговиот договор оваа зима. Тоа е проблем за Барса, која сметаше на 6-месечна позајмица на Шпанецот.
Во истовреме, пак, Атлетико (М) си пазари ново засилување, Истиот новинар пишува дека денеска треба да се финализира договор меѓу Атлетико (М) и Даниел Вас од Валенсија, кој треба да ги мине лекарските прегледи и д апотпише со „јорганџиите“ договор на 1,5 година.