Прилеп, Битола и Скопје се центрите кои оваа недела ги посака среќата со МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ. Тројца играчи на видеолотариските терминали ширум Македонија, почувствуваа како е да се освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ и тоа со вкупен износ од 4,2 милиони денари.
Прилеп, Битола и Скопје се центрите кои оваа недела ги посака среќата. Првиот МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ кој ја започна оваа неделна низа , јавноста веќе го запозна, тоа е Дејан Долгоски од Прилеп, кој на 17 јануари додаде 1.336.670 денари во својата импресивна ризница со добивки.
Потоа на 20 јануари, С.С. од соседна Битола силно се радуваше на МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 1.565.652 денари. Добивката беше освоена во објект на Моцарт, а само два дена беа потребни и за трет МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, овој пат во Скопје. Во населба Лисиче, во Златна Копачка, Н.М. освои 1.365.325 денари.
МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ од недела во недела добива нови симпатизери и поголема популарност со своите добивки кои се движат од 1.200.000 до 1.800.000 денари. Минатата 2021 година донесе 134 МИЛИОНЕРИ, кои заедно освоија преку 202 милиони денари, а новата 2022 година дава знаци дека, на општа радост, тие бројки ќе бидат уште поголеми.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно