Старо правило е дека готово е кога навистина ќе биде готово. Иако вчера информциите беа дека Газијантеп го “капарисал“ мега – талентот на Шкендија и мак – фудбалот Дашмир Елези и дека трансферот ќе изнесува 450.000 евра, денеска “бомба“ од Истанбул.
Во целата оваа „игра“ или сага за Дашмир, влетува никој друг туку славниот Фенербахче. Имено гигантот од Босфорот доставил понуда до Шкендија на сума од 600.000 евра и плус 30% од следниот трансфер на нашиот младински фудбалер.
Јасно е дека понудата на Фенер е далеку попримлива за тетовци, но и за Дашмир, и затоа велиме дека се случува пресврт. Исто така јасно е дека Фенер не се одбива така лесно. Познато е што се случи со Елиф Елмас и каде е сега Дијамантот, кој исто така играше во Фенербахче кога направи трансфер од Работнички.
Па, така сега на потег се Шкендија и Елези… да одберат – Газијантеп или Фенербахче.