Попладнево во Анталија уште две наши екипи одиграа пријателски натпревари, и двете доживеаја високи порази. Имено Академија Пандев е поразена со 0:2 (0:2) од косовскиот тим Лапи, стрелци биле Шилова во 74. и Фазлиу во 84.минута. Додека Тиквеш пак загуби со 0:3 (0:0) од Националниот тим на Узбекистан до 23. година. Ова беше втора контрола за кавадарчани и втор пораз на овие пријателски средби во Анталија. Треба да се каже дека Мишов не реализирал пенал за екипата на Тиквеш.