Роналдо го блокираше „Трансфермаркт“ на Инстаграм

375

Не е тајна дека Кристијано Роналдо има високо мислење за себе, а тоа го потврди со новиот, чуден потег, го блокираше „Трансфермаркт“, според многумина најрелевантниот извор кога станува збор за процена на вредноста на фудбалерите.

Оваа специјализирана интернет страница објави листа на фудбалери над 33 години и нивната вредност. Ова не му се допадна на Роналдо, тој прво им испратил порака дека вреди повеќе од тоа, а потоа ги блокирал на „Инстаграм“.

„Објавивме 10 играчи постари од 33 години, а тој беше на првото место, ни рече дека вреди многу повеќе. Прво им испрати пораки на колегите на социјалните мрежи, а потоа му објаснивме зошто е на таа сума проценет, и дека е најдобар во оваа група на играчи“, објаснија од овој интернет портал.

ПретходноКолинс убедливо со Швјонтек, си закажа финале со Барти!
СледноМЗТ Скопје најде замена за Дастин Вер!