И лидерот во Втората лига – Запад, Силекс, денеска замина за Анталија. Во очекување на вториот дел од сезоната во кој кратовци се надеваат на потврда на пласманот во елитата, денеска со лет од скопскиот аеродром заминаа во Турција, каде ќе ја одработат главната фаза од тековните подготовки.
Веќе во недела Силекс ќе го има и својот прв пријателски меч и тоа против Металац од Србија. Овој натпревар ќе го има во директен пренос на ТВ Арена Спорт.
Во делот од подготовките во Анталија, Силекс закажа контроли и со Торпедо Москва – Русија (01.2), Монтана – Бугарија (03.02), Мариупул – Украина (06.02) и на крај со Рапид Виена – Австрија (08.02).