Тинејџерот кој Јунајтед го купи за 37 милиони фунти отиде да игра за Ренџерс

314

Манчестер Јунајтед одлучи да го испрати талентираниот фудбалер Амад Диало во шкотскиот шампион Глазгов Ренџерс. Тинејџерот кој беше купен од Аталанта за 37,2 милиони фунти во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата запиша девет настапи и постигна еден гол. Сепак, крилниот фудбалер не е прв избор на тренерот Ралф Рангник, па раководството и стручниот штаб одлучиле да го испратат на шестмесечна позајмица во Глазгов Ренџерс.

Диало ќе дебитира за „полицајците“ викендов на мечот со Рос Каунти.

„Ова е голем предизвик за мене. Во оваа фаза на мојата кариера добивам шанса да играм за голем клуб кој се бори на многу фронтови“, изјави Диало.

Инаку овој 19-годишен фудбалер доаѓа да го замени Јанис Хаџи кој ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда и операција на коленото во Лондон.

ПретходноУф, каков трансфер би бил тоа: Кулушевски доаѓа на “Сан Сиро“!?
СледноЧелзи тргнува по Халанд!