Тодор Тодороски (22) нашиот репрезентативец и официјално е нов член на Серед, клуб од Словачка. Колку за потсетување, претходно за овој тим играа Дени Илиев и Филип Дурански. Тодороски досега беше член на Раднички Ниш, а претходно настапуваше за екипите на Осијек, Шибеник, Вардар.
Интересно е тоа што за нашиот репрезентативен бек имаше интересн од клубови од повеќе земји, но сепак тој се реши својата кариера да ја продолжи во Словачка.