Поранешниот стратег на Академија Пандев – Југослав Тренчовски го продолжи договорот со 17-кратниот кувајтски шампион Ал Араби. Тој замина таму во септември, а по четири месечна успешна приказна е награден со нов договор.
Тренчовски кој работи како шеф на Академијата на овој клуб потпиша нов договор на две години со што се обврза уште долго да остане во клубот.
Ова за Тренчовски е прв интернационален предизвик, досега со успех работеше во Академија Пандев долги години. Под негово водство струмичани го освоија и Купот на Македонија, а играа и за првпат во својата историја и во фудбалска Европа.