Во сенка на големиот трансфер на Душан Влаховиќ во Јувнтус, денеска од Италија доаѓа веста дека Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски, е многу блиску до потпис со Милан.
Уф, каков трансфер би бил тоа ако се знае дека Јувентус нема обичај да ги засилува своите ривали Интер и Милан.
Кулушевски добил сигнали од Јуве и од тренерот Масимо Алегри дека може слободно да си бара нов клуб, дека не се смета на него, па затоа менаџерите на Швеѓанецот го понудиле на Милан кој секако дека така квалитетен фудбалер нема да одбие.
Во секој случај ќе биде интересно…