Франција без селектор и во полуфиналето со Шведска?

224

Селекторот на француската ракометна репрезентација Гијом Жил се уште е надвор од теренот поради коронавирусот. Ова е причината зошто помошниот тренер Ерик Мате е на кормилото на тимот во последните натпревари.

Според француските изданија, никој во репрезентацијата не е сигурен дали Жил ќе може да седне на клупата и да го води националниот тим на двете најважни средби на ова првенство. За Французите утре е првиот голем предизвик против селекцијата на Шведска во битката за финалето. Мечот ќе се одигра во Будимпешта од 20.30 часот.

ПретходноКоби и Џиана добија споменик на местото на хеликоптерската несреќа!
СледноМенаџерот на Влаховиќ ќе “лапне“ 10 милиони евра за трансферот во Јувентус!