Прв пораз на Шкендија во четвртиот контролен меч на подготовките во Анталија. И тоа каков пораз? Чешкиот прволигаш Слован Либерец со 3:1 успеа резултатски да го „размонтира“ нашиот шампион.
Евидентно беше дека Шкендија не беше на нивото од минатите мечеви кога просто си поигруваше со своите ривали, веројатно дека станува збор за последна проверка во Анталија.
Чесите дојдоа во водство во 35.минута со голот на Штох, следуваше голот на Рабушиќ во 74.минута за високи 2:0, само две минути подоцна Гембисцки зголеми на 3:0. Хасани од пенал во 84.минута успеа само да го ублажи поразот на Шкендија.