Меси му е лут на Пике бидејќи не ја намали платата за тој да остане на „Камп Ноу“

906

Односите меѓу напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси и дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, се влошени, уште од деновите кога Меси требаше да одлучи дали ќе остане или ќе си замине од каталонскиот клуб. Новинарот Луис Кануте во програмата Онзе на шпанската ТВ3 тврди дека Меси бил разочаран од постапките на Пике, кој, за разлика од Жорди Алба и Серхи Бускетс, не се согласил на намалување на платата за да му даде шанса на Лео да остане во Барса.

„Последното продолжување на договорот на Пике го повреди Меси и тој многу се разочара од него. Лео се чувствува изневерен од Пике затоа што го продолжи договорот дури откако Меси мораше да замине од „Камп Ноу“. Меси верува дека Пике требаше порано да го обнови договорот за да му даде шанса да остане“, тврди Кануте.

ПретходноИграч на мечот: Јакимовски повторно фантастичен, Вашингтон реди победи
СледноЊукасл се откажа од Лингард само поради едно „небулозно“ барање на Манчестер Ј.