Македонската судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов доби голема задача на Европското првенство. Со оглед на нивното големо искуство, ЕХФ им додели да ја делат правдата на полуфиналната пресметка меѓу Данска и Шпанија.
Пресметката меѓу светскиот и олимпискиот првак е закажана со почеток во 18 часот. Во втората полуфинална двојка силите ќе ги одмерат Франција и Шведска.
Финалето во недела им е доделено на германската судиска двојка Роберт Шулце и Тобијас Тониес.