Убава игра и повеќе од убедлив триумф на Брегалница на денешната пријателска средба со Металист 1925 од Харков со 4:0 (1:0). Тоа е тим од најсилната лига во Украина. Во текот на целиот меч момците на стратегот Илчо Ѓорѓиоски биле подобри и заслуќено славеле.
Головите за штипските “сини“ биле дело на Георгиев, Додев и двапати стрелец бил Алтипармаковски.
ФОТО: Fk Bregalnica fb