Реал добил понуда за спонзорство вредна 400 милиони евра по сезона!?

196

Неверојатно. Реал Мадрид добил понуда од американската компанија „Legends Hospitality“ која за спонзорски договор ќе даде дури 10 милијарди евра. Шпанскиот портал „Vozpopuli“ објави дека компанијата од САД му понудила на Реал 25-годишен договор вреден 10 милијарди евра односно 400 милиони на годишно ниво.

Преговорите почнале во декември па постои шанса да се постигне договор.

Инаку „Legends Hospitality“ со тоа би добил 20 отсто сопственост во фирмата која управува со новиот стадион „Сантијаго Бернабеу“. Со тоа би имал право наредните 25 години да организира разни настани и носење на реномирани брендови во продавниците кои се наоѓаат во склоп на стадионот.

Исто така би организирал и НБА натпревари на Сан Антонио Спарс, односно НФЛ натпревари на Далас Каубојс, клубовите во кои исто така има удел.

ПретходноЧелзи тргнува по Халанд!
СледноГосенс го засили Интер: Дојдов да помогнам оваа успешна приказна да продолжи