Исланѓаните останаа разочарани по она што се сличи синоќа во финишот на мечот меѓу Данска и Франција, кога една сигурна победа на Данците која го носеше Исланд во полуфиналето, се претвори во минимален пораз и триумф на Франција која го зазема местото на „рибарите“ во трката за медалите.
Ова го натера исландскиот политичар Бјорн Леви Гунарсон да објави својот предлог за отстранување на дански амблем од зграда која се наоѓа во Алтинг на Исланд.
Веднаш по поразот на Данска од Франција, Гунарсон објави:
„Никој нека не ми кажува дека Данска играше за победа на овој натпревар“.
Бјорн Леви Гунарсон објаснува дека предлогот го поднел и порано, но кога му се скрши сонот на Европското првенство, почувствувал дека е добро време да го сподели.
Исландските медиуми пишуваат дека објавата привлекла големо внимание на социјалните мрежи и дека предлогот може да одекне додека „се уште има фрустрации кај населението“. А фрустрацијата јасно се гледа на социјалните мрежи, каде Исланѓаните пишуваат дека Данска практично и ја подари победата на Франција.