На препорака на тренерот Томас Тухел, раководството на Челзи, односно газда Роман Абрамович и официјално ќе трне по Ерлинг Халанд. Рускиот милијардер нема да штеди пари за да го доведе еден од најдобрите напаѓачи во светот.
И дефинитивно во Челзи, а посебно Тухел, не се задоволни од она што го пружа Ромелу Лукаку, па затоа Халанд за нив е прва опција во текот на летниот преоден рок.
Е, сега дали ќе успеат во тоа “сините“ од Лондон, кои се актуелни европски прваци, останува да се види. За ова се прашуваат и Реал, Барса, ПСЖ, Сити и Јунајтед.