Позајмицата на Џеси Лингард во Њукасл ќе пропадне. Според британски „Телеграф“, Њукасл дал понуда за да го позајми играчот за 2,5 милиони фунти, но Јунајтед побарал да биде вклучен таканаречен „бонус за опстанок“ во договорот, според кој „страчките“ ќе треба да им платат 12 милиони фунти доколку не испаднат од Премиерлигата оваа сезона.
Со оглед на тоа дека Њукасл бил подготвен целосно да ја преземе платата на Лингард (75.000 фунти неделно), клубот би можел да потроши и до 16,5 милиони фунти за изнајмување на Лингард, што е небулозно.
Ситуацијата може да се промени само доколку самиот Њукасл ги продолжи преговорите. Лингард чувствува дека Манчестер Јунајтед се однесува со него без почит и играчот вчера повторно бил на средба со Рангник, за да добие информација зошто не сакаат да му дозволат да си замине.