Европски боксерски шампион пронајден мртов

558

Поранешниот европски шампион во бокс во тешка категорија Владимир Вирчис од Украина бил пронајден мртов во стан во Киев. Полицијата објави дека најверојатна причина за смртта на 48 годишниот боксер е самоубиство.

Блиски на Вирчис раскажуваат дека во последните години тој страдал од депресија.

Инаку првсата борба Вирчис ја имал во 1999 година. Тој бил Интерконтинентален шампион во тешка категорија на ИБФ од 2003 до 2004 година. Во 2005-2006 бил и ВБО интерконтинентален шампион. Во 2007 година го победил Италијанецот Паоло Видоча и го освоил шампионатот на ЕБУ во тешка категорија. Вкупно во 28 борби забележал 26 победи.

ПретходноМаргвелашвили потпиша на две години: Шкупи има одличен тим во кој владее прекрасна атмосфера
СледноКако изгледа патот на Македонија до СП 2023?