Маргвелашвили потпиша на две години: Шкупи има одличен тим во кој владее прекрасна атмосфера

501

Шкупи го потврди трансферот на грузискиот дефанзивец Гаги Маргвелашвили кој потпиша двегодишен договор со есенскиот првак на Македонија. Екс-играчот на Сабуртало и Динамо Батуми раскажа за првите впечатоци во редовите на чаирскиот клуб.

Среќен сум што сум тука. Тука владее прекрасна атмосфера. Шкупи има добар тренер и се радувам што ќе работам со него. Тимот исто така е одличен, игра одличен фудбал, постинува многу голови, а прима малку. Доаѓам да го засилам тимот и да продолжиме да победуваме и да имаме одличен настап во Европа. Максимално професионално ќе ги бранам боите на овој клуб“, изјави Грузиецот.

Тој ќе биде дел од тимот на четвртиот контролен меч на Шкупи, против Факел кој ќе се игра утре во Анталија.

Претходно„Фуријата“ ја оддува Данска, Шпанија фуриозно до финале (ВИДЕО)
СледноЕвропски боксерски шампион пронајден мртов