Невидено досега: Алисон Бекер доби два црвени картони, но остана во игра до крајот (ВИДЕО)

751

Голманот на Ливерпул и на бразилската фудбалска репрезентација, Алисон Бекер, стана првиот играч во современата фудбалска историја по воведувањето на ВАР кој двапати добил црвен картон на ист натпревар, а одлуката и во двата наврати била поништена.

Синоќа на натпреварот од 15. коло од квалификациската фаза за Светското првенство во катар, репрезентацијата на Бразил одигра 1:1 на гостувањето кај Еквадор, а Бекер напрво во 31. минута доби црвен картон од судијата Вилмар Ролдан, но откако ја погледна репризата на видеото се предомисли.

Вториот пат судијата му покажа црвен картон на Бекер во продолжението, но и тој го откажа по прегледувањето на ВАР.

ПретходноКари ги однесе „воините“ до 36-та сезонска победа, нов пораз за Лејкерс (ВИДЕО)
СледноЈакобсен: Мечот со Шпанија ќе биде уште едно „грицкање нокти“